5G - процес во кој сајбербезбедноста е приоритет - Bits of insurance

5G – процес во кој сајбербезбедноста е приоритет

Возбудата и нетрпеливоста за придобивките од 5G заземаат се поголем размер. При оценување на 5G телекомуникациските продавачи, земјите мора да размислат и за безбедноста – заклучок од меѓународната средба на 3-ти мај.

На прашката конференција за 5G безбедност чиј домаќин беше Чешка учествуваа владини преставници од 32 држави, Европската Унија и НАТО. Конференцијата резултираше со рамка за сајбербезбедност која всушност е збир од препораки за кои нациите треба да размислат при дизајнирање, конструирање и администратирање на својата телекомуникациска инфраструктура од 5G (петта генерација).

„Треба да ја подигнеме свесноста за комплексноста на сајбербезбедноста и 5G меѓу политичките водичи, експерти а исто така и пошироката јавност“, изјави Андреј Бабиш. Премиер на Чешка. „5G не е еднократен бизнис натпревар. Тоа е процес, во кој сајбербебедноста мора да биде приоритет од самиот почеток“

Многу земји во моментов учат како да ја градат својата иднина со 5G инфраструктурата, вклучувајќи хардвер, како што се нови кули, антени и сервери. Тие сè повеќе ја признаваат важноста да се осигураат за безбедноста на овие системи.

“5G ќе има трансформативно влијание. Ќе влијае на нашите војски, на нашите индустрии, на нашата критична инфраструктура (од пристаништа до електрични мрежи), на нашите претприемачи и многу повеќе “, рече Ајит Паи, претседател на Федералната комисија за комуникации на САД. “5G безбедносните прашања треба да се решат однапред. Правењето вистински избори кога започнува развојот е многу полесно отколку обидот да се исправи грешката откако изградбата и функционирањето на мрежата ќе бидат во тек “.

 

Tамара Илиева

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: