Причини зошто осигурителите користат вештачка интелигенција - Bits of insurance

Причини зошто осигурителите користат вештачка интелигенција

Појавата на вештачката интелигенција (AI) претставува квантен скок во врска со тоа како осигурувањето се продава и купува. Во исто време, создава можности за компаниите кои сакаат да ги заземат лидерски позиции во осигурителната индустрија. Следуваат најважните пет причини зошто осигурителите во светот ја користат AI во своето работење, или продолжуваат да инвестираат во неа.

вештачка интелигенција

1. Креирање на осигурителни полиси за неколку минути

На традиционалните осигурителни компании им е потребна голема количина на податоци и време за да ги достават полисите до корисниците. Како што осигурителните продукти стануваат „микро“ и податоците можат да се најдат секаде, за осигурителна аквизиција се потребни само неколку минути. Многу од осигурителните компании комуницираат со корисниците преку виртуелни агенти кои ги прибираат сите важни податоци во најдостапниот можен формат. Кај животното осигурување, корисниците можат едноставно да прикачат селфи фотографија и AI ќе ги утврди возраста, BMI, и можните болести. Ова помага во носењето одлука дали е потребно процена на здравствените ризици кај осигуреникот.

2. Исплатите се инстантни и без потреба од контакт со осигуреникот

Осигурителите остваруваат релативно малку контакт со корисниците. Исплатите се клучен момент кога осигурителните компании сакаат да го задржат овој тип на врска со корисниците. Постапката обично вклучува доста неструктуирани податоци како фотографии, видеа, изјави од очевидци и белешки. Потребно е доста време за овие податоци да се анализираат од страна на човек. Многу AI технологии, како природно јазично процесирање и анализа на слики можат да помогнат во носење на заклучоци од неструктурираните податоци. На овој начин барањата  за исплата се процесираат брзо и прецизно.

3. Овозможена непрекината корисничка поддршка

Со зголемување на бројот на осигурителни услуги станува неможно целосно да се делегира корисничката поддршка на агентите или брокерите. Корисниците очекуваат можност да можат да ги постават прашања до осигурителните компании преку повеќе канали. Тука на помош доаѓа AI, која овозможува 24/7 непрекината корисничка поддршка преку виртуелни агенти (chatbots), и персонализирани интерактивни видеа.

4. Автоматизација на некои од процесите

Осигурителните компании ангажираат многу луѓе за да извршат многу од оперативните процеси мануелно. Автоматизацијата станува тешка поради мноштвото на производи, специфичните правила и недостатокот на прифатени стандарди. Еден од клучните проблеми во индустријата е приемот на податоци од бизнис партнерите. Кога брокерите праќаат податоци до осигурителите, или кога осигурителот праќа податоци до реосигурителите, истите се појвауваат во повеќе различни формати. Најчесто се работи за excel или pdf фајлови. Потребен е голем број на луѓе за да се обработат тие податоци.  Со AI, можно е да се предвиди влезниот формат, и преку машинското учење процесот  значително да се автоматизира.

5. Континуирано подобрување на вредноста од податоците

Осигурителните компании имаат предиктивни модели за утврдување на максималната можна загуба, веројатноста, цените итн. Овие фактори се клучни за работа во осигурувањето. Како што осигурителите воведуваат нови продукти, пресметуваат нови ризици и добиваат клиенти од нови сектори, овие модели стануваат застарени. Со тоа станува и потешко да се следат сите промени. Со помош на AI, се користи фидбекот добиен од алгоритмите кои учат и се приспособуваат на променливите потреби на бизнисот.

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: