Осигурување имот на правни лица: Опција која е неопходна за бизнис заедницата - Bits of insurance

Осигурување имот на правни лица: Опција која е неопходна за бизнис заедницата

Осигурувањето на имотот на правни лица опфаќа неколку различни видови на осигурување на малите и средни компании, како и останатите правни лица. Со тоа се обезбедува целосно покритие од сите ризици со кои се соочуваат правните лица во текот на работењето. На тој начин функцинирањето на еднен правен субјект и задржувањето на солвентноста и во случај на штета на градежниот дел, опремата, машините, залихата и останатиот имот е загарантирана. Непредвидливите настани кои често се со голем интензитет, за жал, во голем број на случаи не можат да се избегнат. Сепак можат да се избегнат обемните финансиски загуби кои се јавуваат како резултат на остварување на осигурениот случај. Tипови осигурување за правни лица кои ги вклучуваат осигурителните компании во Македонија од:Osiguruvanje imot slika

Пожар и други опасности

Ова е основното осигурување кое треба да го има секоја компанија. Го штити Вашиот имот од основните ризици, т.н. пожарни ризици: пожар, град, гром, луња, излевање на вода од инсталации, манифестации и демонстрации, експлозија, удар од сопствено моторно возило, паѓање на воздушни летала.  Дополнително, во полисата може да се вклучат ризиците: поплава, порој и високи води, земјотрес, лизгање и одронување на земјиште, слегнување на тло, снежна лавина,истекување на течности (лекажа), самозапалување на залихи, излевање на вжарена течна растопена маса, удар на непознато моторно возило во осигурен објект.

Со ова осигурување може да се осигураат како градежниот објект на компанијата, така и машините, опремата и залихите со кои располагате. Доколку дојде до уништување или исчезнување на ствари, се надоместува вредноста на осигурените ствари во висина на сумата на осигурување, а доколку дојде до оштетување, се надоместуваат трошоците за поправка (работна рака и материјал) на осигурените ствари. Покрај ова, се надоместуваат и трошоците направени како резултат на расчистување и рушење поврзано со осигурените ствари.

Објекти во градба

Колку и темелно да го планирате и строго да го контролирате, градежниот процес секогаш ќе ве изненади со аспекти кои се неподложни и на најтемелното планирање. Овие аспекти можат да бидат мошне непријатни и да имаат значаен ефект во процесот на изведба на ефектот, резултирајќи со негово оддолговлекување, како и со големи финансиски трошоци кои ќе паднат на товар на изведувачот. Затоа, со полисата ќе направите сигурна заштита во најголемиот дел од непосакуваните случаеви.

Предмет на осигурувањето на објектите во градба можат да бидат градежни објекти во градба, подразбирајки под тоа новоградби и реконструкции (поправки, доградби, надградби и сл.) градежен, занаетчиски, инсталационен материјал и сета опрема која е наменета исклучиво за вградување во осигурениот објект во градба, градежна опрема и помошни објекти кои се опфатени во пресметковната вредност на објектот во градба и служат за изградба на  градежниот објект (помошни згради, бараки, дрвени или ѕидани складишта, работилници,  ресторани, подвижни скелиња и сл.), освен стварите кои претставуваат основни и обртни средства на изведувачот на работите, односно осигуреникот.

Ако посебно се договорите и ако се пресмета посебна премија, со осигурување можат да се опфатат и веќе постоечки објекти на кои се врши реконструкција (поправка, доградба, надградба, адаптација и сл.), делови на објектот во градба, односно поедини градежни и занаетчиски работи кои ги презел изведувачот на работите, помошен градежен материјал и алат во употреба, градежна опрема и помошните објекти кои служат за изградба на градежниот објект и кои воопшто не се или не се во целост опфатени во пресметковната вредност на објектот во градба, стационирани (усидрени) пловни возила, чамци, сплавови, понтони на вода и стварите на нив за време на градењето на вода или на крајбрежјето, стварите на работниците, деловно-техничка документација, вклучувајки ја  и  градежната книга (осигурување на таксирана вредност).

Осигурувачот е должен да исплати надомест во случај на штета предизвикана со уништување, оштетување или исчезнување на осигурените ствари поради следниве основни опасности од пожар и удар на гром, експлозија, луња, град, манифестација и демонстрација, излевање на вода, мраз, лед и снег, снежна лавина, слегнување на тло, градежна незгода, неспретност, невнимание или лоша намера на работникот или некое друго лице.

Дополнителни опасности со полисата кои можат посебно да се договорат се: поплава и порој,висока вода и подземна вода, лизгање на тло, одронување на земјиште, зарушување на земјиште, одговорност од дејност на изведувачот на градежните работи према трети лица и нивен имот, осигурување на  градежните работи во гарантниот рок, провална кражба.

Кршење стакло

Со ова осигурување се компаниите се штитат од материјалните трошоци кои може да ги претрпат во случај на кршење и оштетување на стаклата на објектот во нејзина сопственост. Предмет на ова осигурување можат да бидат сите видови стакла, светлосни  натписи и реклами, слики, натписи и украси изработени на осигурени стакла, мермерни плочи од вештачки камен на маси, пултови, регали и сл., порцелански мијалници, клозетски шолји, огледала на улици (за регулирање на сообраќајот), културни, историски и надгробни споменици од камен, бетон и метали. Покрај светлосните реклами, осигурени се и нестаклените делови и рамови што се нивни составен дел. Неонски цевки и други светлосни цевки со придружни уреди и без нив.

Атанас Димовски

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: