Меѓународна ризик менаџмент Конференција во Казахстан - Bits of insurance

Меѓународна ризик менаџмент Конференција во Казахстан

Од  11 – 12 Април во Аламати, Казахстан ќе се одржи 15-та по ред Меѓународна конференција за ризик менаџмент. Од 2005-та оваа конференција е традиционален настан за осигурителниот сектор во земјите од  ЗНД, но има и меѓународен статус.

slika1

Се очекува на конференцијата да бидат присутни еминентни експерти од целиот свет вклучувајќи глобални реосигурителни организации, осигурителни брокери и рејтинг агенции. Поканети се SCOR, Swiss Re, Allianz, AIG, Zurich, Hannover Re, AON Benfield, Marsh, Willis, RK Harrison, JLT, Moody’s и други. Ќе присуствуваат околу 200 учесници од 40 земји низ целиот свет: ЕУ земјите, САД, Кина, Индија, Турција, Јужна Кореја, Јапонија. Настанот ќе им овозможи вмрежување и споделување на искуства на експерти во областа од целиот свет. Јазици на кои ќе се зборува на конференцијата се руски и англиски. Главниот спонзор на оваа 15-та Меѓународна ризик менаџмент конференција е Eurasia Insurance Company JSC. Инаку настанот традиционално се одржува во Ritz-Carlton хотелот во Алмати. Котизацијата за порано пријавените учесници до 15-ти Февруари 2019 ќе изнесува 400 евра. По 15-ти Февруари важи стандардната цена 500 евра, а процентуален попуст има за повеќе од двајца учесници од иста организација.

Клучните теми на кои ќе се посвети внимание на конференцијата се:

  1. Трендови на финансиските пазари;
  2. Сајбер-ризици: предизвици на модерното време;
  3. Напредни IT продукти за симулација и предвидување на ризици;
  4. Извештај за осигурувањето/реосигурувањето во светски рамки за 2017;
  5. Методи на минимизирање на ризикот од измами;
  6. Финансиски менаџмент во големите индустриски холдинг компании;
  7. Услови и трендови во ризик менаџментот во Казахстан, ЗНД и на глобално ниво;
  8. Осигурување и реосигурување базирано на технологија и антропогени ризик менаџмент системи;
  9. Финансиски ризик од меѓународен тероризам;
  10. Одговорот на економијата на де-доларизацијата;
  11. Изгледи и динамика на светските валути во 2017;
  12. Корпоративна и банкарска несолвентност;
  13. Справување со ризици за време на економска криза;
  14. Ризици во рударската и енергетската индустрија;
  15. Правење стратегиски план во поглед на можните ризици;
  16. Симулација на сценарија и проценување на веројатноста на ризикот во финансирањето.

Гоце Илиевски