Јапонските осигурители бараат аквизиција во Кина - Bits of insurance

Јапонските осигурители бараат аквизиција во Кина

Јапонските осигурители потрошиле повеќе од  50 милијарди долари на аквизиција во изминатите пет години. Тие се втор по ред купувач на осигурителни активи во светот, и тој тренд ќе продолжи. Се очекува да го забрзаат походот на нови пазари, а Кина е на врвот на листата земји. Ова за Reuters го изјавија банкари и сигурни извори од секторот осигурување. Јапонските осигурителни компании во последните неколку години купуваа во земјите од Австралија па сѐ до Соединетите Држави. Вака се обидуваа да го намалат влијанието на негативните каматни стапки и релативните ниски стапки на раст на домашниот пазар.japonija

 

Намалување на ограничувањето на странски капитал во Кина

Два осигурителни гиганти – Nippon Life Insurance и Tokio Marine Holdins најавија нови преземања во странство. Тие минатата година имаа аквизиции вредни 6,1 милијарди долари, што е за 66% повеќе од 2017. Јапонските осигурители на аквизиција од 2014 година потрошиле 53 милијарди долари, а пред нив по тој критериум се единствено американските осигурители. Кина е во процес на ублажување на ограничувањето на странски заеднички вложувања во сегментот животно осигурување. Тоа може да им овозможи на странските компании да имаат 51% сопственост во споредба со сегашните максимални 50% сопственички капитал. На странските компании во Кина веќе им е дозволено со целосна сопственост да управуваат со друштвата за неживотно осигурување. Пекинг вети потполно укинување на ограничувањето на странскиот капитал во животните осигурувања во следните три години. Nippon Life и останатите осигурители од Јапонија, кои работат во Кина не успеаа да заземат поголем удел на пазарот. Нивна главна конкуренција се Prudential и Sun Life.

Причина за најавената аквизиција во Кина

Кинеските осигурители China Life Insurance и Ping An Insurance Group заедно држат околу 90 проценти од пазарот на животно осигурување. За осигурителите на имот и од незгода, како Tokio Marine, Sompo и MS&AD отворањето на Кина доаѓа во вистински момент. Тие сакаат и понатаму географски да се диверзифицираат, и нема да ја испуштат оваа прилика за проширување кон кинескиот пазар. Во потрага се по нови приходи од новите пазари, за да го надокнадат влијанието на зголемените исплати. Јапонските осигурители беа изложени на удар на низата природни катастрофи кои секоја година се случуваат во Јапонија.

Гоце Илиевски

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: