Објавени новите предлог – законски решенија за ваучер системот во спортот - Bits of insurance

Објавени новите предлог – законски решенија за ваучер системот во спортот

Стратешката цел за развој на спортот на Владата на Република Македонија предводена од Премиерот Зоран Заев е обезбедување услови за развој на спортот преку додатни средства. Со тоа ќе се придонесе за гарантирана самостојност и развој на македонскиот спорт. Токму новите законски измени се во таа насока, каде клубовите и федерациите ќе може преку ваучер систем да обезбедат сигурен партнер во финансирањето на програмите.predlok zakonski izmeni Vaucer

Систем на ваучери за спортските федерации и клубови

Системот на финансирање ќе функционира на база на ваучерски систем. Со тоа ќе бидат обезбедени нови 6 милиони евра во македонскиот спорт кои ќе растат во иднина.Тоа ќе значи дополнителен инпут покрај постоечката финансиска поддршка што Агенцијата за млади и спорт ја дава на федерациите. Со овој ваучерски систем, делот од данокот на добивка, ќе бидат ставен на располагање на спортските субјекти, за сите спортски клубови и федерации. Тоа ќе значи подигнување на нивото за развој на квалитет и зголемување на финансиската моќ на спортските клубови.Односно секој правен субјект, отсега, ќе добие можност до 50% од пресметаниот данок на добивка да го инвестира директно во спортот.

Уредување на правото на обврзникот кој донирал финансиски средства на спортски субјекти (национални спортски федерации, спортски клубови,  активни спортисти), да му се намали пресметаниот данок на добивка за износот на дадената донација, но најмногу до 50% од пресметаниот данок врз основа на ваучер издаден од Агенцијата за млади и спорт.

Начинот ќе биде едноставен. Обврзникот ќе треба да достави до Управата за јавни приходи барање за даночно ослободување за дадената донација. Откако ќе ја добие потврдата од УЈП по поднесеното барање, обврзникот ќе треба до УЈП да достави  известување за извршена донација. Потоа ќе се стекне со право да го користи даночното ослободување. Овде има ограничување за даночното ослободување да може да се донира најмногу во еден спортски субјект од секој вид на спорт. Даночното ослободување, преку дадената донација ќе може да се користи најмногу до 50% од износот на месечните аконтации на данокот на добивка.

Процедури и критериуми за користење на оваа мерка

Целиот систем ќе биде спроведуван и контролиран од стручно тело кое ќе се формира во рамките на АМС. Со ова се отвора едно цело ново поглавје во развојот на спортот. Односно  ќе се овозможи поголем простор и повеќе средства, за нови спортисти и спортски клубови, како и за развој на постоечките.

  • Прочитајте ги новите законски измени во делот на ваучер системот од Законот за данокот за добивка (Симни тука).

Атанас Димовски

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: