Стартапот Lemonade наскоро доаѓа во Европа - Bits of insurance

Стартапот Lemonade наскоро доаѓа во Европа

Американскиот осигурителен стартап Lemonade е насочен кон глобална експазија, со означување на Европа како нивна прва дестинација. Компанијата со седиште во Њујорк користи AI и chat bots за да ги прилагоди своите осигурителните производи за осигурување на домаќинствата. Во објава од Четвртокот, компанијата кажа дека проширувањето ќе се случи наскоро, но без да ги дефинира датумот или државата. „Номинално, САД е една држава, но од регулаторен аспект се всушност 50 различни држави, сите независни една од друга. Европа не функционира така. Ќе видиме што ќе се случи со Велика Британија и Брегзит, но и други држави од европскиот блок. Можете да работите било каде низ Европа, и не сте врзани за една одредена држава“. – изјави Daniel Schreiber  за CNBS.lemonade

Lemonade во 2016-та го лансираа претприемачите Schrieber и ко-основачот на Fiverr, Shai Wininger. Тие нудат дигитален начин за забрзување на процесот на аплицирање за осигурување, елиминирајќи хартиена документација и агенти во целиот процес. Покрај тоа што е профитно-ориентирана организација, Lemonade им наплаќа на клиентите иста сума за администрирање на апликациите за осигурување. Парите што остануваат се донираат на добротворни организации. На закуподавачите за услугата им наплаќа месечна сума од 5 долари, а на сопствениците на домови 25 долари.

Проширувањето на делувањето на Lemonade кон Европа ја означува првата прекуокеанска експанзија на компанијата која се занимава со финансиска технологија. Schrieber истакна дека нивна долгорочна цел Lemonade да прерасне во глобална фирма. „Тоа е нашата амбиција.“ – додава тој. „Засега не сме се сретнале со ниту една причина против“. Компанијата минатата година во рунда на финансирање водена од јапонската SoftBank успеа да прибере 120 милиони долари. Во тоа време финансирањето беше проценето помеѓу 500 милиони до 500 милиони долари. Во останати давачи на поддршка на фирмата спаѓаат Google, Sequoia Capital, и General Catalyst.

Ко-основачот Schrieber изјави дека осигурителниот сектор е плодно поле за радикализација  имајќи го предвид „внатрешниот конфликт“ врзан за осигурителните компании. Традиционалниот осигурителен модел ги става корисникот и осигурителот еден наспроти друг. Тие се борат еден против друг кога станува збор за парите што треба да се наплатат од осигурителната полиса. Ова води до тоа луѓе кои инаку се примерни граѓани да бидат во ситуација да мораат да се расправаат. Осигурителните компании денес се изедначени меѓусебно кога станува збор за сомнежот кој се јавува кај осигурениците.

Гоце Илиевски

Сподели ја оваа објава

Коментари

%d bloggers like this: