Триглав со понуда на осигурување од малигни заболувања

Иако доброволното здравствено осигурување кое што го воведе Триглав Осигурување постои од 2015 година за издвојување е покритието за малигни заболувања. 

“Триглав постојано работи на развојот на овој осигурителен сегмент и во обемот и во квалитетот на услугите кои што ги обезбедува, и веруваме дека токму нашиот пристап кон развојот на производите и услугите што ги нудиме, имајќи ги во фокус клиентот и неговите потреби, има најголемо влијание на успехот што го постигнуваме.

На почетокот на годината ги дополнивме производите за доброволно приватно здравствено осигурување со понудата на осигурување од малигни заболувања, производ кој ги третира најтешките проблеми на нарушено здравје на клиентите и кој има за цел материјално да ја покрие севкупната процедура на лекување на дијагностицирана малигна болест, почнувајќи од дијагноза, преку операции, до радио и хемотерапии, раскажува во денешното интервју за Фактор – Ѓорѓе Војновиќ, главен извршен директор на Триглав Oсигурување.

Што е вклучено во покритието?

Осигурувањето на малигни заболувања обезбедува материјално покритие за целата постапка на лекување на дијагностицирана малигна болест, вклучувајќи дијагностика, операции, лекови, како и радио и хемотерапија, неопходни за лекување.

Штом се дијагностицира малигното заболување, Триглав ги презема трошоците за лекувањето и врши директно плаќање кон приватната здравствена установа. Во фазата на дијагностицирање на малигното заболување, осигурувањето на Триглав дополнително обезбедува можност и за Второ мислење на специјалист. Во завршната фаза од лекувањето се покриваат и трошоците за набавка на помагала, протези и перики, како и за пластична и реконструктивна хирургија.  Како поддршка при дијагностицирано малигно заболување, ова осигурување ги покрива и трошоците за  психијатриски услуги.

Колку се чести?

Според извештајот од Институтот за јавно здравје , во рамките на незаразните болести малигните заболувања заедно со кардиоваскуларните болести се причина за речиси три четвртини за смртноста во Европскиот регион.

Кај нас трендот е сличен – по болестите на циркулаторниот систем малигните неоплазми се втората најчеста причина за смрт. Во периодот 2010-2014 година стапката на морталитет се движи од 180,3 на 100,000 население во 2010 година до 180,4%₀₀₀ во 2014 година.

Кај лицата над 65 години ризикот е 5-6 пати поголем, а особено зголемен ризик имаат машките лица.

Но затоа и постои осигурувањето, да можеме навремено и квалитетно да се лекуваме од првиот ден. За да можеме да одиме редовно на контроли и да ги искористиме придобивките на модерната медицина.

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →