Дали новите возила ве следат како возите?

Реномираниот портал ResearchAndMarkets.com објави дека до 2024 се очекува околу 339 милиони возила да имаат системи за конекција и следење на навиките на возачите т.е. Telematics. Импозантната бројка во предвивувањето значи дека безмалку една четвртина од сите возила во светот ќе имаат Телематикс. За да се оствари ова предвидување веројатно е дека повеќето од производителите ќе започнат со пре-инсталација на вакви системи.

Тесла веќе неколку години наназад ја практикува имплементација на свој Телематикс систем. Една од најиновативните компании во автомобилската индустрија во последниот квартален извештај за 2019 најави дека очекува да продаде над 350,000 возила. Продажните бројки сеуште претставуваат капка во морето на вкупно продадени возила во светот, но технологиите што Тесла ги наговестува другите итаат да ги препишат.

Телематикс ситемите во Тесла се тесно поврзани со системите за автоматско возење. Несомнено е дека овие системи можат да се искористат за многу добри цели и дека можат да ни ги направат пријатни долгите дистанци, сепак со нивна употреба внесуваме и ризик. Имено групи хакери имаат од далечина веќе неколкупати имаат преземено контрола над возилата на Тесла.

Што е Телематикс?

Telematics е термин скован во далечната 1978 кој што имал за цел да го предвиди спојувањето на информатиката и телекомуникациите. Француската кованица првично требала да означува термин за сите IT системи кои се поврзани на мрежа. Сепак веќе е етаблиран термин за оваа намена е – Internet of things (IOT -интернет на нештата). Затоа во поново време Телематикс го означува поврзувањето на интелегентни системи во автомобилите кои се на интернет.

Ова подразбира широка палета на технолошки решенија – некои од нив се со цел да го намалат времето на реакција на амбулантните возила. Во Словенија, Шведска и Италија веќе се во оптек над e-call решенијата кои што го намалуаат времето на реакција при несреќа и над 50%.

Дел од овие решенија се во насока за поврат на скапи возила. Во нашиот регион најпозната таква компанија е словенската CVS mobile која нуди да ги лоцира скапите украдени возила. Секако меѓу првите корисници се и компаниите за изнајмување на возила.

Дел од овие решенија се во насока на fleet-managment решенија т.е. за подобро менаџирање на флоти на камиони. Македонскиот Fuel-loyal овозможува заштеда и до 950$ месечно по превозен камион на превозниците во САД.

Телематикс и осигурување

Сепак од можности се очекува најмногу да се користи во осигурителната индустрија. Над 45% од осигурителните компании во светот имаат веќе преземено чекори за да разработат свои Telematics решенија според извештајот на PWC. Тоа не е за чудење бидејќи овие технологии постојат веќе скоро декада.

За што станува збор? Во моментот доколку имаме иста возраст, пол, степен на образование и тип на возило со својот комшија ние би имаме иста цена за осигурување иако тој би можел да користи своето возило за такси и за патувања до Охрид секој викенд а ние да одиме на работа пешки и да одмараме воглавно со авионски патувања. Ситуацијата во која што не се зема во предвид користењето на возилото, начинот на возење и термините кога тоа се вози креира нефер цени за оние кои што се помалку изложени на ризик. Затоа осигурителните компании развиваат решенија кои што имаат за цел да го премостат овој јаз. Со Телематикс уредите цената за осугурувањето е плати колку што си користел.

Во моментов ваквите модели на осигурување тежат 34 милијарди долари, додека се очекува овој тип на осигурување да расте и да достигне 107 милијарди долари до 2024та година.

Иако ова се мали бројки споредено со вкупниот осигурителен пазар кој што за прв пат годинава го премина прагот од 5 трилиони долари т.е. 6,2% од вкупниот светски GDP. Сепак трендот е дигитализација и умрежување на возилата, а возилата сеуште претставуваат доминантен сегмент од вкупното осигурување.

Возила со пре-инсталиран телематикс?

Во повеќето камиони за транспорт веќе има пре-инсталиран систем а оваа пракса Opel неодамна започна да ја практикува и во неколку комби возила. Masternaut има веќе договори со Пежо, Ситроен и Опел за фабричко инсталирање на Телематикс.

RAM товарните возила имаат пре-инсталиран телематикс систем од Verizon. Ако бројот на инсталирани телематикс уреди во почетокот на 2010 беше воглавно поголем на оние кои што дополнително се инсталираат надворешно на OBD II портата на возилата, сега таа бројка е значително различна во насока дека далеку повеќе возила имаат фабрички инсталирани системи. Тоа не значи дека тие се активирани и дека некој не следи, но значи дека доколку побараме компаниите би можеле да ги активираат брзо и едноставно во било кој момент од животниот циклус на нашето возило.

Како што расте бројот на возила со преинсталирани решенија во транспортот на добра за очекување е оваа практика да се прелее и во возилата за комерцијална употреба.

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →