ReinsuranceWeekly: Дали наскоро ќе видиме СкопјеКоин?

Во моментов еден од најбрзорастечките финансиски инструменти на меѓународниот пазар се обврзниците за катастрофи. Тие се своевидни фондови кои што гарантираат дека доколку одредена катастрофа не се случи инвеститорите ќе добијат добар поврат на средствата. За инвеститорите ова претставвува одлична алатка за диверзификација на инвестициското портфолиото – бидејќи временските услови не ги слушаат ситуациите на пазарот. Едноставно кажано, доколку падне Дау Џонс индексот на американската берза, тоа никако нема да влијае на овој инструмент додека би влијаел значително на другие берзи. Во минатите две години овој нов тип на финансиски инструменти е во голем пораст, а особено се популарни оние кои што ја обезбедуваат Флорида од урагани.

Што е тоа колатерално реосигурување?

Осигурителните компании имаат законски обврски да имаат доволно средства за да ги исплатат штетите. Затоа кога ќе ги надминат своите капацитети тие го предаваат ризикот на реосигурителните компании. Во одредени држави законски е дозволено ова да не бидат реосигурителни компании туку еден тип на вакво  колатерално реосигурување (CollateralizedRe). Тоа е тип на реосигурутителен договор каде што (ре)осигурителот креира специјализиран инвестициски фонд на пре-дефинирана банкарска сметка со цел да ги исплати штетите доколку договорот е активиран. На тој начин осигурителната компанија не мора да бара реосигурител туку може да договори слободни средства кои се во опсег. 

Потребата за вакви инструменти се раѓа поради тоа што природните катастрофи се ретки по фреквенција но вклучуваат високи ризици. Со овој тип на колатерализирано реосигурување добиваат и инвеститорите кои што имаат можност за добра заработка и (ре)осигурителите.

Интересен концепт предложи ReinsuranceWeekly – реосигурителните обврзници да бидат поставени на блокчеин технологијата

Секоја криптовалута може да се фрагментира на многу мали делчиња. Ова е првиот момент кој што е многу важен за ваков инструмент. Фондовите кои што се актуелни во моментов во светот имаат менаџираат мулти-милионски суми каде што не може да се влезе со ниска инвестиција.

Доколку го преведеме овој инструмент на локално ниво – тоа би значело дека Скопје би издавдал – СкопјеКоин. Секој што ќе купи СкопјеКоин ќе има можност да заработи 8% од оригиналната вредност за една година доколку не се случи голем земјотрес. Дека оваа заработка не е нереална укажува фактот што просеок на поврат на Swiss Re катастрофалните фондови е  8.7%.

Дополнителна вредност е што овие делчиња од обврзничкиот фонд ќе можат да се тргуваат. Ова нуди ликвидност каква што немаат обврзнучките фондови за катастрофи во моментов.

СкопјеКоин ги премостува и ограничувањата кои што државните граници ги носат.  СкопјеКоин би овозможил инвеститори од цел свет да инвестираат во наша поголема безбедност во случај на земјотрес.

Агенцијата за супервизија на осигурување најави дека во текот на 2020та година ќе се отвори регулаторниот сендбокс за осигурителната индустрија. Па можеби можеме да ја пробаме оваа идеја.

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →