Надминати финансиските таргети на Sava Insurance Group за 2019 година

Пред Надзорниот одбор на Осигурителната групација Сава, на редовна седница одржана на 27.02.2020 година, беа презентирани неревидираните финансиски резултати за 2019 година од каде се истакнува следново:

  • Sava Insurance Group оствари профит од 50 милиони евра
  • Бруто премијата достигна скоро 600 милиони евра, односно пораст од 9,7%
  • Повратот на капитал (ROE) покачен на 13,8%
  • Нето добивката со 16,7% над таргетот

Во 2019 година Групацијата Сава запиша речиси 600 милиони евра бруто премија и профит од 50,2 милиони евра. Порастот од 9,7% на бруто премијата главно се должи на словенечкиот пазар на неживотно осигурување (раст од 12,2%), а потоа тој надвор од границите на Словенија со раст од 20,3%. Своја улога во тоа има аквизицијата на 100% акции од хрватските „Ерго осигурање“ и „Ерго Животно осигурање“.

Оперативните приходи со пораст од 10,1%, благодарение на повисоките бруто премии на постоечките и новите друштва што се приклучија во текот на 2018 и 2019 година – македонското Сава пензиско друштво а.д. Скопје, српскиот „Енергопројект Гарант“, словенечките „ТБС Теам 24“ и „Сава Инфонд“.

Запишаната нето добивка од 50,2 милиони евра за 2019 година порасна за 16,7% во однос на претходната година и покрај штетите во хрватскиот неживотен осигурителен сегмент и меѓународниот реосигурителен пазар. Забележан е задоволувачки процент на пораст на капиталот од 13,8%, како и подобрена трошковна ефикасност.

По успешно комплетираното интегрирање на претходно приклучените друштва, во 2019 година беа потпишани уште два договори: за аквизиција на „Дијагностички центар Блед“ и „НЛБ Вита“ – втората по големина компанија за животно осигурување во Словенија.

Во 2019 година агенциите „Стандард енд Пурс“ и „А.М. Бест“ ја потврдија Групациската рејтинг  оценка „А“, со стабилна прогноза, што овозможува уште подобра позиција на меѓународниот осигурителен пазар.

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →