Пожарите во Австралија направија осигурителни штети од 375 милиони долари

Побарувањата за надоместоци од штетни настани во Австралија се очекува да достигнат астрономски суми. Осигурителниот совет на Австралија (The Insurance Council of Australia) објави дека досега се пријавени над 5,850 барања за надомест, чија вкупна сума надминува 375 милиони долари.

Ова се сепак само штетите спрема осигурените лица. Штетите кои што се направени кон еко-системот на Австралија се многукратно поголеми. Англиската национална телецизија BBC пренесува дека вкупната проценка на изгорени животни е над половина милијарда а територијата која што е опустошена е поголема од Белгија.

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →