Bitsofinsurance: Наш избор на подкасти за осигурување

Bitsofinsurance препорачува неколку одлични начини да се одржите во тек со последните настани и трендови во светот на осигурувањето. Издвоивме некоколку подкасти кои што редовно објавуваат квалитетни содржини и имаат интересни гости.

Insurance Nerds – Profiles in Risk

Link: Insurance nerds

Profiles in Risk е веројатно најдобриот подкаст за следење на американскиот пазар. Секако бидејќи ова е најголемиот пазар моментално таму и се случуваат повеќето од новините во осигурителната индустрија. Подкастите на Insurance Nerds воглавно се подготвени од Николас Лампарели поранешен заменик директор за моделираање на катастрофални ризици во QBE а гостите варираат од осигурителни стартапи како Lemonade до директори на некои од најголемите осигурителни компании.

Insurtech London

Линк – Insurtech London

Еден од најдобрите британски подкасти на тема осигурување несомнено e Insurtech London. Иако е релативно нов, појавувајќи се прв пат есента 2018та година сепак тимот кој што го изработува е посветен и објавува нови материјали секоја недела. Британскиот пазар за осигурување е секако еден од најинтересните а Insurtech London секако квалитетно го покрива. Гости се директори на Лојд, Баркли и интересни стартапи.

Asia Insurance Podcast

Линк: Asia insurance podcast

Според предвидувањата на SwissRE азиско-пацифичкиот регион до 2029та година ќе преземе повеќе од 42% од светското осигурување. Ова поместување на исток ќе значи дека и иновациите од истокот ќе станат порелевантни и на западот. Одлично место за да се прати се што се случува на азискиот пазар е Asia Insurance Podcast. За среќа на нашите уши тимот е составен од водители кои што немаат азиски акценти а гостите се шаренолики. Секој понеделник можеме да слушаме нови епизоди и да учиме за источните новитети.

Allianz UK – Insurance Tomorrow

Линк: Insurance Tomorow

Иако ова не може да се каже дека е подкаст во класична смисла на зборот сепак во аудио парчиња од по 25 до 30 минути се презентирани визиите на една од најголемите осигурителни компании во светот. Во 16 епизоди можеме да слушнеме како податочната наука (Data Science) или вештачката интелегенција ќе влијаат на иднината на осигурувањето? Какво пак ќе биде влијанието на Брегзит? Што значи зголемениот тренд на сајбер-ризиците? Сето тоа во убаво спакуван аудио производ раскажано со пријатниот британски акцент на Ник Хјувер.

InsurTech Insider

Линк: InsurTech Insuder

Составот на водителите на овој подкаст го прави посебно интересен – директорот на лондонската IT компанија 11:FS Дејвид Бреер и Најџел Валш од Делојте даваат секогаш интересни перспективи за тоа каде се движи осигурителната индустрија. Подкастот е спонзориран од Делојте и се добива чуство дека ова е еден вид на неформален медиум на консултантскиот гигант.

Подкастите како тренд

Интересно е што како светски тренд подкастите се враќаат во актуелност а делумно за тоа се заслужни и интелегентните звучници како Google Home и Amazon Alexa. Во последните години бројот на слушатели постојано расте со 7-8% раст секоја година. Подкастите се одлични сопатници во гужвите кога патувате на работа и можат да не направат двојно корисни доколку шетаме/џогираме и слушаме нешто умно.

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →