Плакета од СОС детско село за Осигурување Македонија – ВИГ

СОС детско село на специјален настан посветен на најголемите донори додели плакета на Осигурување Македонија Виена Иншуренс Груп за нивните досегашни донаторски проекти.

Соработката меѓу СОС детско село и осигурителната компанија започналa во 2016та со донации за трката – „Раздвижи го срцето“. Во текот на 2018та година во рамките на акцијата „Топол дом за сите“, преку полисите за осигурување на домаќинство, Осигурување Македонија ВИГ донира средства за реновирање на куќа во детското село. Оваа година соработкатата продолжува преку едукативниот проект кој што преку игра ги учи децата за ризиците и како да се заштитат во случај на пожар, поплава или земјотрес.

Долгогодишната соработка меѓу социјално одговорната осигурителна компанија и невладината организација која има за цел да им помогне на децата се очекува да продолжи и да се продлабочи во следната година. Ваквите активности секако ќе бидат препознаени и пренесени од наша страна.

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →