Осигурителните копмании веќе развија производи за вирусот COVID-19

Две осигурителни куќи од Сингапур AIA Singapu и China Life Insurance Singapur развија производи за новиот вирус:

Покритијата на AIA за COVID-19 осигувувањето вклучуваат:

  • Надоместок за хоспитализација: Доколку е потребна хоспитализација за COVID-19, се добива паушал од 1.000 американски долари
  • Во случај на смрт се исплаќаат 25.000 американски долари

„Добробитот на нашите купувачи ни е исклучително важен“ нагласил Патрик Теу – извршниот директор на AIA Singapura.

Покритијата пак на China Life insurance вклучуваат:

  • Паушал за лечење од COVID-19 во износ од 8000 американски долари
  • Паушал во исноз од 80 000 во случај на смрт

Интересна е брзината за развојот на новите производи со кои што овие компании ја пресретнаа новата реалност. Во модерниот бизнис менаџмент се повеќе може да се слушне изреката – Не е се веќе релеванти само големите играчи кои што можат да ги изедат малите туку и фактот дека брзите ќе ги изедат спорите. Над 57% од Fortune 500 компаниите кои што биле врвни во 1999 денеска веќе не се на таа листа. Осигуритлените компании кои што се влезени во третата фаза на дигиталната трансофрмација и кои што ќе можат во близу до реално време да одговорат на новите предизвици ќе бидат оние кои што ќе победат на долг рок.

Lemonade се рашириекспресно брзо низ САД поради фактот што крајнтие полиси можеа да направат полиса преку крајно лесниот мобилен интерфејс и што е поважно да добијат одговор за нивните оштетни побарувања во неколку минути. Инднината лежи во брзината и компаниите мораат да обезбедат решенија и кадри кои што ќе се способни за брз развој на нови производи, брзо решавање на штети и намалување на препреките за купувачите да можат брзо и лесно да носат одлуки.

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →