18,5% пораст на фондовите, осигурителните и финансиските друштва

НБРСМ ги објави статистички показатели за четвртиот квартал од 2019та.  Вкупните средства на останатите финансиски институции изнесувале 123 милиони денари со годишен раст од 18,5%. Во останатите финансиски институции се вклучени: инвестициските фондови, пензиските фондови, осигурителните друштва, друштвата за управување со инвестициските фондови и друштвата за управување со пензиските фондови, финансиските друштва и друштвата даватели на финансиски лизинг.

–      Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), на крајот од четвртиот квартал од 2019 година изнесуваат 123.636 милиони денари и бележат квартален и годишен раст од 3,6% и 18,5%, соодветно. Пензиските фондови и натаму имаат најголемо учество во вкупните средства на ОФИ од 63,1%, а по нив следуваат средствата на осигурителните друштва со учество од 20,4%.

–      Од аспект на финансиските инструменти, во структурата на средствата на ОФИ најзначајни се инвестирањата во должнички и сопственички хартии од вредност, како и пласманите во валути и депозити со вкупно учество од 86,0%. Во структурата на обврските најзначајни се техничките резерви на осигурување и капиталните сметки со вкупно учество од 91,3%.

Позначајни движења во платниот биланс во четвртиот квартал од 2019 година

–      Во четвртиот квартал од 2019 година во тековните трансакции со нерезидентите е остварен дефицит од 286,9 милиони евра. Во рамки на финансиските трансакции со нерезиденти се остварени позначајни нето-приливи кај директните инвестиции, трговските кредити и кај заемите. Девизните резерви бележат зголемување за 156,4 милиони евра;

–      Во 2019 година дефицитот во тековната сметка изнесува 313,5 милиони евра и во најголем дел е резултат на дефицитот во стоковната размена. Во финансиската сметка се остварени нето-приливи од трговски кредити, заеми и директни инвестиции кои ги надминаа нето-одливите на средства врз основа на портфолио-инвестиции и валути и депозити. Со тоа, тие го финансираа дефицитот во тековната сметка и овозможија раст на девизните резерви од 374,6 милиони евра.

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците: јануари 2020 година

–        Продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити, којашто се сведе на нивото од 4,93%;

–        Просечната каматна стапка на вкупните депозити исто така се намали и изнесува 1,20%.

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →