Microsoft и SwissRe во тесна соработка

Microsoft и SwissRe најавуваат стратешко партнерство со кое што ќе ги унапредат иновациите во осигурувањето. Како прва задача што двата гиганти си ја зацртаа во договорот е да се лансира Digital Market – алатка која што треба да помогне во развојот на предвидувањето и управувањето со ризикот. Воедно алатката треба да им укаже на SwissRe на кој начин осигурителната индустријата ќе може да спакува нови производи засновани врз темелното познавањето на ризикот.

Дали се работи само за партнерство кое на Мајкрософт ќе му донесе нов клиент а на SwissRe скок во акциите или за темелен нов пристап ќе видиме. Првите придобивки швајцарскиот гигант треба да ги добие во полето на: поврзувањето на авомобилите, индустрискот производство и отпорноста на природни непогоди. Се чини дека главната соработка ќе се темели на подобро разбирање на сајбер заканите. Сајбер пазарот се предвидува дека ќе порасне за 2-3 пати во следниве 10 години што значи дека компаниите кои што добро го разбираат ќе бидат оние кои што ќе го предводат осигурителниот бизнис. Се чини дека Мајкрософт кој што е доминантен во бизнис секторот на оперативни системи може да допринесе значително во споделувањето на своите сознанија.

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →