Кој пристап за борба со Корона вирусот е правилен? Македонскиот или Европскиот?

Пред четири дена германската канцеларка со смирен и сериозен тон ја повтори изјавата дека очекува до 70% од луѓето во Германија да бидат заразени од новиот вирус. Непосредно по изјавата на Меркел во јавноста излезе и британскиот премиер Борис Џонсон кој заедно со својот тим ја презентираше британската стратегија.

И германската и британската стратегии звучеа парафразирано- не паничете сите ќе се зараземе. Фраза безмалку излезена од македонскиот филм Викенд на мртовци:

Иако германските болничари во Баварија се крајно изморени сепак нивните напори даваат резултат и Германија е земјата со најмала смртност по број на заразени.

Но дали Џонсон е свесен за сериозноста на ситуацијата?

Џонсон укажа на тоа дека “ова е најголемата криза на јавното здравство за нашата генерација”. На Џонсон му е јасно и дека кризата е далеку поголема од досега прибраните бројки во Британија – “бројката на заболени е многу поголема од оние кои што ги имаме потврдено за заболени во моментов преку тестовите”. Џонсон дури изјави “бидете спремни да се збогувате со вашите најблиски”.

Сепак иако сериозен во тонот мерките во моментов не се воопшто драстични. Тимот на Џонсон ја подели опасноста во Британија во неколку фази и во оваа воошто не се форсира самоизолацијата. Во моментов иако англиската фудбалска Премиер лига е одложена за неодредено време, но тоа е направено само-иницијативно а не по препорака на владата на Џонсон. Тој вели дека владата не ги забранува јавните собири и спортски настани. Владата не препорача школите и универзитетите да започнат со распуст ниту ги забрани масовните собири. Џонсон дури и како да се мајтапеше со своите Шкотскити и Ирски колеги кога изјави “Во просек, еден човек заразува двајца или тројца. Затоа е мала веројантоста да се заразат многумина на голем стадион и далеку поголема да ги заразите луѓето блиску до вас”.

Доколку Џонсон ја разбира сериозноста и знае дека бројките се големи зошто решава да не ја примени стратегијата која што толку добро функционираше во Вухан? Зошто да не се затворат сите улици, да се забранат сите настани и да се намалат масовните собири? Зошто да не се избегне она што му се случува на Милано каде што докторите мораат да бираат кои пациенти ќе бидат лекувани а кои не.

“40 години како ја работам оваа работа и до сега не сум ја искусил драмата на ситуацијата каде што треба да речеш на некого – ‘ти да’, а некому – ‘ти не’. Стандардната пракса беше да даваме кислород на сите на кои им е потребно. Во моментов ризикуваме да мораме да избираме когоа да лекуваме врз основа на тоа кој има најголеми шанси за преживување” – изјави директорот на клиниката за инфетивни болести во Болоња, проф. Пјерлуиџи Виале.

Дали превагнуваат економските интереси пред човечките животи?

Професорот Ричард Марфи од University of London веднаш по прес-конференцијата на Џонсон ја објави својата анализа на владините акции со наслов – “Можеме или да ја спасиме економијата или да ги спасиме луѓето но не можеме и двете”

“Да бидам сурово искрен, социјаната епидемиологија ни дава прилично едноставен избор: да избереме колку брзо ќе дозволиме вирусот да се шири и колкав економски ипакт епидемијата ќе има. И тоа е тоа, не можеме да ги имаме двете, или ќе ги спасуваме луѓето или ќе ја спасуваме економијата. Она што треба да го знаете е дека државата избра да ја спасува економијата” – напиша Марфи.

Дека воедно се мисли на економијата потврдуваат и економските мерки кои што ги спроведе Германија каде што компаниите ќе можат да повлечан неограничено големи многу поволни кредити со кои што ќе ја амортизираат ситуацијата со Корона вирусот. Германската влада дополнително ќе воведе и даночни пребивања за компаниите.

Но дали се работи за лобирање од корпорациите и скржавост во очи на толку многу човечки жртви?

Што е имунитет на стадо?

Според анализата на новинарот на ITV Роберт Престон, “целта на државната стратегија на Британија е да го минимизира импактот од COVID-19 преку дозволување на вирусот да се прошори до целата популација за да добиеме имунитет на стадото. Ова треба да се случи во далеку помала брзина за оние кои што страдаат со најакутните симптоми да можат да ја добијат медицинската помош која што е потребна. За медицинските услуги да не бидат пренатрупани и парализирани од надоаѓањето на многумина наеднаш”.

Се чини дека и најлакомата корпорација е свесна за тесноповрзаноста на морталитетот на луѓето и економската ситуација и дека кога едното се влошува неминовно и другото ќе се влоши.

Ако повеќе луѓе се заразат ќе имаме поголема безбедност од вирусот

Иако е контра интуитивно епидемиологијата вели да. За што станува збор?

Одговорот лежи во историската анализа на Рота вирусот во Британија и Исланд. Кога бројот на луѓе кои што се имуни е доволно голем тоа го намалува групното здравје:

Rota-virus

Пиковите на хистограмот погоре ни укажуваат на лавините на нови случаи во овие две островски земји. Во Британија на горната слика вирусот се повторувал во голема мера во секоја година кога нови првачиња се запишувале на школо. Во Исланд на долната слика може да се забележи дека бројот на новозаболени се случувал еднаш на две години бидејќи популацијата на имуни луѓе ги штитела прво-оделенчињата. Но кога минатогодишните прво-оделенчиња без имунитет и новите прво оделенчиња ќе се споеле тие креирале критична маса за ширење на вирусот.

Ова ни укажува на фактот – доколку голем број на луѓе се имуни, ново-заболени луѓе ќе инфицираат далеку помалку луѓе.

Пластично кажано во моментов растот на на новозаразени е 1,2 т.е. од секои 5 заболени луѓе се заразуваат 6 нови на глобално ниво. Со оваа прогресија 60% од луѓето на глобално ниво ќе се заразат.

Доколку успееме само со превентивни мерки, помалку социјални собирања да ја намалиме бројката на под 1 новозаразен тогаш Короната многу бргу и ќе исчезне. Тоа се чини е македонската стратегија.

Имунитет на стадо

До каде е Џонсон во право а каде греши?

Првата грешка на Џонсон е во фактот што иако досегашните заразени градат имунитет постоеа случаи каде што Короната се појавуваше втор пат кај луѓе кои што веќе ја прележале. Анализите остануваат да ни покажат дали мутациите кај Короната се толку брзи што механизмите за имунитет кај претходно заразените не помагаат. Сепак овие случаи се повеќе исклучок отоколку правило. Така што несомнено е дека имунитетот на стадото ќе биде значаен механизам во борбата.

Она што оди во прилог на размислувањето на Џонсон е фактот што над голем процент од луѓето кои што добиле Корона не се свесни за тоа и не влегуваат во втора фаза на болеста кога се јавуваат тешките респираторни проблеми. Ова е особено случај кај помладата популација. Историски гледано многу ефективна мерка за спречување на грипот инфлуенца е да се затворат школите. Но во овој случај најверојатно многу малку случаи од децата кои ќе се заболат ќе имаат посериозни проблеми . Сепак треба да се има на ум дека тие деца ќе одат дома и ќе имаат интеракција со постарите членови на нивното семејство кои што би можеле да имаат далеку посериозни проблеми.

Втората грешка на Џонсон е идејата за неменување на вообичаените практики за масовни собири. Само од еден масовен собир можат да се заразат илијадници луѓе во зависност од тоа како е имплементиарана вентилацијата.

Во Малезија главните жаришта за раширување на Корона вирусот станаа честите религиски собири. Религиските собири кои што значат споделување на иста вода или чаша овозможуваат експоненцијален раст на заболените. Кај нас неколку верски водачи изјавија дека не планираат да ги намалат или укинат причестувањата. Иако причестувањата се добри во здравствена смисла бидејќи го зајакнуваат групниот имунитет во нормални периоди, сепак во овој случај требаат да бидат забранети.

Џонсон не смее да дозволи бројот на новозаразени од еден човек да надмине 1,5 бидејќи тоа би значело големо оптоварување на болниците наеднаш. Веројатно германската стратегија во овој случај е подобра.

Целта на германската стратегија е да се задржува ударот од Короната доволно долго во одредени гранции за да таа не нанесе молскавичен удар наеднаш врз цела популацијата. Идејата е да се прифати фактот дека повеќето луѓе ќе се разболат и да се оди на тоа тие да се разболуваат во умерени дози за да може здравствениот систем да го издржи оптоварувањето без да мора да избира кого ќе лечи.

Британија има во просек 616,014 смртни случаи годишно. Доколку 60% од популацијата се разболи тоа ќе значи 396,000 луѓе ќе умрат само од Корона вирусот. Сепак веројатно е дека овие две бројки во голема мера ќе се преклопат т.е. дека во 396,000 смртни случаи од Корона ќе влезат луѓе кои што имаат слаб имунитет и секако би починале во текот на годината. Доколку Џонсон успее да ја одржи смртноста 750,000 тоа ќе значи дека неговиот план успеал.

Фактот што Британија е островска земја и што не е дел од Шенген зоната им овозможува да ги затворат гранците – предност што Германците ја немаат. Секако ваквото споро заразување би било и многу поповолно за економијата.

Но и да гледаме чисто од здравствена перспектива крахот на економијата несомнено ќе доведе и до нови здравствени проблеми. Само најавувањето на мерките предизвика пад на берзата S&P берзата за 12% a катастрофа како онаа во Италија да се случи низ цела Европа би значело несомнен пад под нивоата во 2008ма година. Кризата во 2018та значеше зголемен број на самоубиства, луѓе со нарушено ментално здравје и срцеви болести.

Дали е Македонската стратегија добра?

Се чини македонскиот одговор на вирусот во последните денови се консолидира и јавноста извршува притисок за да се има што помал контакт со други и да се избегнуваат јавните собири. Ова е добра стратегија на краток период бидејќи Македонија во моментов нема апаратура за да може да ја примени Британската или Германската стратегија. Во големи средини статистичките распределби се порамномерни во Македонија тие можат да бидат фатални.

Македонија сепак ќе мора активно да се спрема за втората фаза каде што ќе мора да ја примени стратегијата од поголемите земји. Македонија нема економски капацитет да се само-изолира на подолг рок, а кога ќе се отворат границите несомнено нови случаи ќе надојдат. Така што на долг рок ќе мораме да градиме имунитет.

Она што можеби е поволност во неповолноста е глобалното затоплување кое што може да донесе повисоки температури побрзо што се очекува да го намали ширењето на Корона вирусот уште од мај. Во такво сценарио ако сакаме да учиме од лекциите за Шпанскиот грип кој досега бил најсмртоносен мораме да се припремиме добро за есента, за ударот да не се повтори.

Се чини дека за развојот на новите вакцини ќе почекаме 18 месеци а и лековите на кои што се работи најверојатно нема да бидат спремни до октомври. Затоа е клучна набавка на нови апарати и спремање на нови точки за помасовни случаи.

Стефан Митески

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →