Какво влијание ќе има корона вирусот на глобалното осигурување

Бројот на патувања континуирано се намалува и многу интернационални авиолинии, особено кон Кина, се веќе привремено затворени. Тоа значи намален обем на патничко осигурување.

Трговијата се намалува и осигурителните компании и банките во Кина инјектираат стотици милиони евра за да надоместат за намалениот обем на трговија. „Во Кина има карантин врз 150 милиони луѓе. Тие кои заминале на одмор, за кинеската Нова година, и не може да се вратат на работа“, вели Дезмонд Лахман од Американскиот ентерпрајз институт.

„Пазарот сега покажува дека епидемијата се` уште не кулминирала, и дека состојбата ќе се одрази на многу полиња покрај снабдувањето и туризмот“, вели Лахман .

Според извештајот на Standard & Poor вкупниот импакт на корона вирусот во однос на осигурувањето треба да биде умерен. S&P потенцираше дека поради намаленото темпо на производство во Кина можно е да се случат доста штети кои што се поврзани со покритието – прекин во работа. Од овој тип на штети воглавно ќе страдаат Азиските пазари според S&P. Рејтинг агенцијата сепак смета дека овие штети би биле во рамките на границите кои што осигурителите и реосигурителите можат да ги толерираат.

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →