Историска лекција за излез од кризата со Корона вирусот за осигурителните компании

Вчера светската здравствена организација соопшти дека надежите дека топлото време ќе го намали ширењето на Корона вирусот (COVID-19) се минимални.

Се верува дека повеќе луѓе биле заразени со COVID-19 отколку што
покажуваат официјалните статистики. Ова е затоа што потврдените инфекции
се засноваат на позитивни тестови за вирусот, а некои земји – вклучително и
Соединетите држави – вршат многу малку тестирања. Така и проценетата
стапка на смртност од 2 проценти, што и се припишува на болеста, базира на
ваквата несигурна евиденција за инфекцијата.
Наместо САРС, понекогаш COVID-19 го споредуваат со пандемијата на ебола
од 2014 до 2016 година. Се верува дека од ебола смртноста била околу 50
проценти од заразените, но ширењето на еболата било сузбиено пред да биде
достигнат бројот на инфекции од COVID-19.

Дали постои историска лекција која ќе не поучи како да постапиме во врска со COVID-19 Според реномираниот доктор Стивен Веисбарт постои -„Шпанскиот грип“ од 1918-1919.

Нема вакцина за COVID-19 и експертите сметаат дека периодот за развој, тестирање, производство и дистрибуција на вакцина може да потрае повеќе една година. Ова ни укажува дека може да се применат неколку медицински стратегии за справување со даденава инфекција. Испаѓа дека медицински сме на нивото од пред 100 години.

Вирусот на грип од 1918 година имал проценета стапка на смртност од околу 2 проценти и бил многу заразен. Се проценува дека дури една третина од целото светско население било заразено некое време, па така, навидум малата стапка на смртност од 2 проценти предизвикала милиони смртни случаи.

Ова предизвикува застрашувачка мисла за тоа какви последици би имала пандемијата од COVID-19. Шпанскиот грип го заобиколи целиот свет во три фази. Првата во пролета 1918 година со висок степен на опфат на населението но релативно ниска стапка на смртност. Особено е важно да се напомене дека грипот се појавува во моментот кога во светот веќе е започната првата светска војна. Втората фаза е во есента 1918 година, кога ширењето на инфекцијата е побрзо и многу посмртоносно. Третата фаза е во периодот февруари – март 1919 година, и веќе е и помалку заразна, и помалку смртоносна од двете претходни фази.

Првата светска војна која завршила во ноември 1918 година се карактеризира со големи концентрации на војници во касарните, рововите и конвоите на камиони низ цела Европа и можеби тоа придонесе за ваков опфат на заразата. Но, вирусот уби повеќе луѓе отколку првата светска војна на секој од континентите, освен во Европа.

Влијанието врз осигурителната индустрија

Какво би било влијанието од пандемијата на COVID-19 за осигурителните компании? Најголемо влијание најверојатно ќе има врз осигурителните компании кои нудат производи на здравствено осигурување. Пред се затоа што бројот на луѓе кои бараат хоспитализација, веројатно ќе предизвика осигурителни случаи далеку над очекувањата предвидени во тарифата. Во 1918 година болниците биле толку полни, што почнале како болнички простории да се користат затворени спортски сали и слични простори. Ќе проработи економската законитост на дефицитот. Така, доколку бројот на достапни респиратори е далеку помал број од оној што е потребен, цените за нови веројатно ќе пораснат. Иако сеуште нема потреба од паника и не постојат реални наедостатоци на храна сепак во многу земји цената на пастата и оризот значително порасна.

За осигурителните компании кои имаат производи кои опфаќаат смрт од болест, ефектот од тешка пандемија ќе зависи од тоа кои сегменти на населението ќе умрат. Во 1918 година, покрај повозрасните, вирусот невообичаено силно ги погоди и луѓето во полна работна сила, предизвикувајќи загуби кај осигурителите и кај индивидуалното и од групното осигурување на смрт од болест. Ваквите непредвидени загуби силно влијаат на сите осигурителни компании кои осигуруваат смрт од болест, а особено помалите.

Во секторите имот и незгода, веројатно најмногу ќе настрадаат линиите за надомест на штета на вработените од последици од работењето, особено на вработените во здравствените организации и други лица подлежни на дејството на вирусот како резултат на нивната работа, како што се полиција, пожарникари и прва помош. 

Друга можна линија на ризик се различните осигурувања од одговорност кои вклучуваат оштетни побарувања од луѓето кои се разболеле во процесот на производство, дистрибуција или пронаоѓање на вакцина или други методи на лечење. Во последно време Конгресот на САД усвои закони кои ги блокираат таквите оштетни побарувања од одговорност, но не е јасно дали тоа ќе го направат уште еднаш за дадениов конкретен случај.

Надвор од директните ефекти врз осигурувањето, се зголемуваат предвидувањата дека глобалната економија, особено некои сектори може да забележат драматичен пад. Претпријатијата и други организации кои вклучуваат масовни собири на луѓе веќе чуствуваат негативни ефекти, а премиите за осигурување што ги осигуруваат овие настани соодветно ќе се намалат. Од друга страна оштетните побарувања, исто така, ќе се намалат (на пр. помалку сообраќајни несреќи), така што ефектот врз тие линии всушност може да биде неутрален или позитивен.

Се учиме од историјата

Денес луѓето и стоките се движат низ целиот свет со невидена брзина. Урбаните средини и транспортните средства кои ги користиме се исто толку полни со луѓе, како и секој воен конвој или мрежа на ровови.

Доколку COVID-19 следи слична патека како онаа на шпанскиот грип, сегашната појава на епидемијата ќе испадне дека е првата блага фаза. Доколку ова сценарио е точно, првата фаза ќе спадне за еден или два месеци, проследено со период од неколку месеци во кои вирусот ќе ни се чини дека престанал да претставува закана.

Ние треба да продолжиме со развивање на вакцини и други превентивни / ублажувачки мерки во текот на овој затишје за подобро да се подготвиме за поразорна фаза што може да се случи во втората половина на 2020 година. Неспособноста тоа да го направиме би значело дека ништо не сме научиле од најлошата глобална пандемија во последните 100 години.


About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →