Инвестицијата во заштита од поплава се враќа петкратно

Која мерка може да ги чини помалку даночните обврзници од издатоците за надоместок на штетите во областите со висок ризик за поплава?

Одговорот на ова прашање ни го дава истражувањето на Универзитетот од Бристол и Nature Conservatory од Минеаполис, кои укажуваат дека секој инвестиран долар може се исплати петкратно во однос на исплаќањето на штетите од поплава, која е досегашната практика.

Од прво читање овој искаж делува контра-интуитивно бидејќи цената на осигурувањето треба да кореспондира со штетите кои што ги штити. Но не се работи за осигурување. Доколку државата реши да ја откупи оваа земја таа ќе треба да плати далеку помалку отколку доколку ги надоместува штетите до 2070 година.

Анализата е изработена за земјишта кои што имаат над 1% веројатност дека ќе бидат поплавени секоја година и над 26% веројатност во период од 30 години.

Во абстрактот на трудот публикуван во престижното списание Nature авторите наведуваат – “До 2070та, вкупно избегнатите исплаќања по основ штети од поплави, ги надминуваат трошоците да откуп на оваа земја неколкукратно. Големи површини имаат уште поголема исплатливост – за област во големина од скоро две Македонии – 54,433 km2 вкупно избргнатите трошоци се во сооднос пет спрема еден.”

Најголемата поука во истражувањето е дека на огромна териториија од САД треба да се прекине со економска дејност доколку не се преземат мерки за намалување на ризиците од поплава. Споредбено тоа е територија која што е нешто поголема од територијата на Велика Британија.

Досега 2019та е највлажната година во 48 сојузни американски држави. Иако не се најразорни поплавите претставуваат меѓу најчестите природни непогоди во САД и имаат континуиран пораст на исплатени штети од над 10 милијарди долари годишно.

До какви поуки можеме да дојдеме во Македонија?

ЕвропаРе во 2016та ја лансираше апликацијата CATMonitor на која што граѓаните можат да креираат свој профил и да го проверат ризикот за својот имот. Во моделот на ЕвропаРе кој што беше изготвен од светски реномираната компанија за тарифи – AIR спаѓа и проценката на ризичност за поплава. Доколку земјоделските поседи кои се наоѓаат во област каде што има повеќе од 1% шанса за поплави државата треба да едуцира и да ги обескхрабри земјоделците да инвестираат во обработка на земјиштето доколку претходно не го намалат ризикот. Секако зборуваме за земјоделски култури на кои што поплавите им штетат. Можеби во тие области е подобро да се обработува Ориз и култури на кои што евентуална поплава би направила помалку штети. 

Во 2020та за очекување е дека министерството за земјоделие ќе предложи нов и сеопфатен модел за осигурување. Можеме да научиме и од ова ново истражување и да го примениме во новиот сет мерки. 

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →