Рекордни 6,37 милијарди долари вбризгани во Insurtech стартапите во светот

Според извештајот на Willis Towers Watson волуменот на инвестициите во Insurtech стартапите надмина 6,37 милијарди. Тоа е за 33.9% раст од историски најдобрата година за стартапите во сферата на осигурувањето. Над 1.99 милијарди инвестиции во 75 проекти се инвестирани само во последниот квартал од 2019та година.

Во 2019 одредени InsurTechs компании станаа лидери на одредени пазари, дали за одредени типови на осигурување или за одредени технологии. – според извештајот на Willis Towers Watson

Во 2019та добивме 5 нови јуникорн компании со валуација над 1 милијарда долари со што во моментов постојат 10 такви компании глобално. Трендот на раст на овој сегмент на индустријата беше истакнат и на најголемиот самит за осигурување – Insurtech Connect чија што мантра беше дека секоја осигурителна компанија е IT компнанија со дејност осигурување.

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →