Грчкиот осигурителен пазар полисираше 4 милијарди евра

Според асоцијацијата на осигурители HAIC (Hellenic Association of Insurance Companies) грчкиот осигурителен пазар надмина 4.07 милијарди евра на крајот на 2019. Тоа е пораст од 8.7% во однос на минатата година.

Животното осигурување порасна за безмалку 17% на 1.97 милијарди евра. Неживотното осигурување стигна до 2.09 милијарди евра што е пораст од 2%. Авто-одговорноста како класа очекувано има најголем пазарен удел со 18%. Сепак споредено со останатите Југо-источни земји фактот што авто-одговорноста е под 20% укажува на шаренолико портфолио на полиси и развиен осигурителен пазар.

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →