Германија: Финтек компаниите собраа рекордни инвестиции

Германските fintech startup-и успееа да надминат рекорд во 2019та година кога собраа над 1,7 милијарди евра според Barkow Consulting. Тоа е зголемување од 44% во однос на претходната година. Само insurtech стартапите кои што се занимаваат со осигурување земаа околу 442 милиони евра, три пати повеќе отколку претходната година.
“Распонот на дигитални решенија за осигурување расте”, изјавува основачот на insurtech компанија – Питер Барков (Peter Barkow).
Во 2019 Friday чија ценовна политика е базирана на поминатите километри и чини цент по километар е еден од главните добитници. Wefox исто така имаше успешна инвестициска рунда. Стартапот нуди осигурување на домаќинство преку мобилна апликација за само неколку минути.

Се чини дека едноставноста, брзината и транспарентноста во процесите стануваат се поважни за крајните корисници кои што сакаат да веруваат дека младите играчи на пазарот и нивната грижа за корисници ќе наликува многу повеќе на интернет компаниите отколку на онаа од застарените корпорации.

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →