Окрупнување на словенскиот пазар – Generali станува втора најголема компанија

Триглав осигурување добива сериозна конкуренција на словенскиот пазар. Имено Adriatic Slovenica од први јануари стана дел од Generali групацијата. “Друштвото Генерали станува еден од најголемите играчи на словенскиот пазар за осигурување и поставува цврсти темели за понатамошно јакненње на своите пазарни позиции. Генерали е најголемо меѓународно друштво за осигурување кое што е активно на пазарот во Словенија, и вкупно сега ќе има над 660,000 осигуреници и повеќе од милион полиси за осигурувњe” – изјави Вања Хорват, член на управиот одбор на Генерали.

Аквизицијата се подготвуваше подолго време а и претходеше одобрување од словенското и италијанското регулаторно тело. Според извештаите од 2018та година Zavarovalnica Generali и скоро споената Adriatic Slovenica заедно имале над 407 милиони евра бруто полисирана премија.

Она што е интересно е дека Генерали во февруари минатата година ги купи и КД фондови во Словенија што значеше и ребрендирање на македонската гранка на КД инвестицискиот фонд и во Македонија.

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →