Повик за учество во младинскиот квиз – Европски квиз на пари

Македонската банкаска асоцијацијаво соработка со Народна банка и Комисијата за хартии од вредност објави јавен повик до основните и средните училишта.

Повикот е за учество во меѓународниот натпревар Европски квиз на пари. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација, фокусиран на финансиската едукација на учениците од 13 до 15 години.

Европскиот квиз на пари се одвива во две фази – првата фаза се националните натпревари во секоја земја поединечно, а втората фаза е европското финале. Националниот натпревар во Република Северна Македонија ќе се одржи на 23 март 2020 година.

Најдобрите двајца ученици ќе ја претставуваат нашата земја на финалето коешто ќе се одржи на 29 април 2020 година во Брисел, Белгија.

Европската банкарска федерација на училиштата ќе додели парична награда во износ од 3.000 евра за прво место, 2.000 евра за второ место и 1.000 евра за трето место.

Натпреварите ќе се реализираат преку посебна електронска апликација за оваа намена Кахут (Kahoot!), којашто е едукативна платформа на база на игра. Финалниот натпревар во Белгија ќе се одвива на мајчин јазик на учесниците.

Се повикуваат сите заинтересирани основни и средни училишта да пријават одделенија/класови за учество на националниот натпревар во Република Северна Македонија, најдоцна до 31 јануари 2020 година на следнава електронска адреса на Македонската банкарска асоцијација: info@mba.mk

Притоа, треба да се има предвид следново:

  • Секое основно или средно училиште може да пријави повеќе одделенија/класови;
  • Учениците треба да бидат на возраст од 13 до 15 години на денот на пријавувањето;
  • Заедно со податоците за одделенијата/класовите треба да се достават податоци за наставниците/професорите под чие менторство ќе се одвива подготовката.

Едукативните материјали потребни на учесниците од Република Северна Македонија за подготовка за националниот натпревар и европското финале и повеќе информации за Европскиот квиз на пари се достапни на следниве веб-страници: mba.mk и efb.eu.

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →