Бугарија: Евроинс Бугарија ќе пласира полиси во Холандија

Еуроинс Бугарија има намера ќе започне да нуди полиси за осигурување во Холандија, според извештајот од бугарскиот финансиски регулатор. Бугарската комисија за финансиски надзор го известила холандскиот супервизор за идните планови.

На почетокот на февруари Евроинс собра инвестиции од 8.7 милиони лева (4.4 милиони евра) и го зголеми својот пазарен капитал на 41.17 милиони лева.

„Еуроинс“ е дел од „Еурохолд“ групацијата која што пласира полиси покрај нашиот и бугарскиот и во Романија и Украина. Според бруто полисираните премии на крајот на ноември 2019 година Еуроинс Бугарија е четврта најголема осигурителна компнија за неживот во Бугарија, со пазарен удел од 9,7%.

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →