Еуролинк доделува стипендии

Еуролинк Осигурување потпиша договори за 30 стипендии на најдобрите студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, за учебната 2019/2020 година. Вкупната вредност на оваа програма изнесува 1.700.000,00 денари. Еуролинк стипендиите се доделуваат веќе шест години, како дел од долгорочната платформа за корпоративна општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“.

Претседателот на Надзорен одбор на Еуролинк Осигурување Олга Костовска им посакува на сите стипендисти да бидат упорни и доследни во реализирање на своите зададени животни цели, да бидат одговорни кон своите обврски и да ја негуваат хуманоста.

Еуролинк стипендијата е наменета за покривање на трошоците за кофинансирање на редовните студенти од првиот и вториот циклус на студиите. Стипендијата за студентите од првиот циклус е во висина од 40.000,00 денари, додека стипендијата за студентите од втор циклус е во висина од 60.000,00 денари. Во изминативе шест години Еуролинк Осигурување додели повеќе од 150 стипендии на студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ – Скопје.

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →