EIOPA објави нов сет на смерници за супервизија на ICT во осигурувањето

Европското авторитативно тело за осигурување – EIOPA на 12ти декември 2019 објави нов сет на совети и смерници за развојот на IT индустријата во осигурувањето. Овој сет на мерки е драфт верзија и компаниите и супервизорите ќе можат да го разгледаат и коментираат до март 2020та кога е и планирано негова имплементација. 

Според членот 16 од ЕУ регулативата 1094/2010 EIOPA има право да издава смерници и препораки со цел европските супервизиски практики да се конзистентни, ефикасни и ефективни. Посакуваниот резултат на овој тип на смерници е да се постигне униформна и конзистентна практика на европското право низ ЕУ.

Новите смерници за ICT (интернет и телекомуникациските) технологии во осигурувањете на EIOPA се изготвени во контекст на FinTech акцискиот план кој што го предложи Европската Комисија во текот на 2018та година. Европската комисија утврди дека досегашните смерници на EIOPA не се доволно дефинирани во однос на сајбер-безбедносните практики. Дополнително во оваа област повеќето европски држави веќе имаат своја национална легислатива која иако е воглавно слична сепак дава фрагментирана слика – во некои земји по одредени прашања е решено да нема супервизија а по истите прашања во други да има строга супервизија.

Бројот и волуменот на ризикот кој што го зафаќаат сајбер заканите континуирано расте. Во 2020та се очекува за прв пат да ги надминат и природните катастрофи. Дополнително и осигурителните компании се повеќе имплементираат дигитални решенија и нудат производи кои што се потпираат на дигитална инфраструктура – како телематикс или сензорските мрежи во “Интернет на нештата” (IOT) уредите.

Целта на новите смерници е да: 

  1. обезбедат појаснување и транспарентност во пазарните принципи на минимум информациите во врска со сајбер безбедноста
  2. Да се избегне потенцијална регулаторна арбитража
  3. Да се даде поттик на конвергирањето на супервизорските практики во однос на процесите поврзаи со ICT безбедноста

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →