Обврзниците од катастрофални штети го надминаа прагот од 100 милијарди долари

Според реномираната AON Securities огромниот праг е поминат во текот на минатиот месец. Овој тип на обврзници постојат скоро четврт век а неодамна во детали го објаснувавме начинот на кој што функционираат како комплементарни производи на реосигурителните покритија.

Одредени фондови на SwissRe имаа просечно годишно оплодување од над 8% додека ILS имаше 6,78% (7,48% во 2019та). Овие фондови се дополнително интересни за инвеститорите бидејќи климатските промени не ги следат промените на берзата. Во моментов вкупниот реосигурителен капитал се проценува на 610 милијарди долар и овој тип на алтернативни средства веќе станува значаен фактор за поголемите осигурителни компании.

Дополнителен фактор дека оваа е голема бројка е фактот што класичното реосигурување ги покрива сите класи на осигурување додека катастрофалните обврзници само осигурување како и што кажува името само катастрофите.

Она што е интересно е дека трансакциите во овие фондови се огромни т.е. често една трансакција знае да биде околу милијарда долари.

Paul SCHULTZ, генералниот менаџер на Aon Securities, порача:

“Од почетоците во 1996, осигурително базираните обврзници покажуваа голем потенцијал за раст, постигнувајчи точка во денешницата во која што тие претставуваат интегрална компонента во начините на трансфер на ризик на ре/осигурителите. Откако помина тестот на времето секторот покажа посебни сила. Постигнувањето на оваа бројка од 100 милијарди долари е фантастичен успех и очекуваваме повеќе успеси и раст во годините кои што следат. Очекуваме и раст во нови типови на штети и нови географски подрачја. “

Учеството во овој праг на АОН е значително ако се земе предвид дека тие од 2009та наваму имаат учествувано со 34 милијарди долари.

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →