bitsofinsurance: Предвидувања за сајберосигурувањето во 2020

Како што се завршува годината можеме да започнеме да зборуваме со предвидувањата кои што ќе следат следната година. Во текот на 2019 бевме сведоци на големиот испад на системот на Комерцијална банка, веб страници на државни институции кои редиректираа кон малвер а многумина од нашите сограѓани оставија податоци во лажната наградна игра “роденден на Визер”. Сајбер напади го тресеа и светот.

Годината во дигиталниот свет секако ја одбележаа гостувањата на извршниот директор на Facebook, Марк Цукенберг во американскиот сенат по повод скандалот со Кембриџ Аналитика.

Но имуни на испади не останаа и останатите гиганти. Google падна неколку пати а секако за паметење и протекот на кориснички податоци од Google+ социјалната мрежа. Како што расте нашата зависност од дигиталните алакти, така растат и ризиците. Банките, институциите и осигурителните компании пополека се трансформираат во своевидни IT компании. Се повеќе од нивните системи се пренесуваат и работат на веб платформи.  До 2023 се очекува дека по волумен сајбер ризиците ќе ги надминат ризиците од временските непогоди. Секако тука лежи и голем потенцијал. Во 2018та година пазарот на сајбер ризици пораснал за 72% на европско ниво. Во барометарот на ризик кој го објави Алијанц за прв пат сајбер ризикот го зафаќа местото на најголема закана т.е. 37% од сите закани. Во 2020та ризиците ќе продожат да растат, бидејќи расте и бројот на нападите.

Она што е интересно е дека најновите напади стануваат толку разновидни што просечниот граѓанин е се понезаштитен. Пополека треба да го поставиме прашањето дали сајбер култура треба да се воведе како предмет во основните училишта. Додека во минатата декада поголемиот број на напади беа преку симнување на фајл, сега нападите пополека преминуваат на повеќе различни методи. Дополнително имаме политички групи и држави кои што имаат свои сајбер одреди кои што вршат специјалиирани напади на клучни постројки.

Кои се главните предвидувања за Сајбер ризиците и сајбер осигурувањето во 2020?

Сајбер регулативата ќе зајакне

Веќе повеќе од 100 земји имаат започнато со развој на регулатива која што ја отсликува сајбер реалноста во која што живееме. Insurance Data Security Model Law е главниот закон во САД кој што ја опфаќа оваа тема. Со неговото имплементирање власите мораат да се известат во рок од 72 часа од индиции за сајбер напад а крајните корисници во зависност од законите на сојузните држави.

Се повеќе полиси ќе ги исклучуваат сајбер ризиците

Алијанц, Лојд  и АИГ се само дел од плејадата на компании кои што го имаат сменето текстот во своите најнови полиси да се оградат од сајбер ризиците во имотното осигурување. Се повеќе производители на возила додаваат можности за надворешно гасење на моторот. Тоа може и да ја зголеми можноста да се вратат украдени возила но во исто време и можност да се случи и надворешен напад на возило.

Параметарско сајбер реосигурување

Кај нас постои параметарско осигурување веќе некое време во земјоделското осигурување благодарение на податоците кои што се прибираат од врменските станци и и сателитските снимки. Како што компаниите навлегуваат подлабоко во дигиталните решенија така се зголемува и нивниот дигитален отпечаток. Се генерираат се повеќе  податоци кои што можат да се користат за да се создаваат параметарски полиси за сајбер осигурување.

Први сајбер полиси во Македонија

Иако постојат сите законски можности сепак сме во очекување на првата сајбер полиса во Македонија. За тоа да се случи можеби ќе видиме и неординарно решение некој од осигурителните брокери да донесе иновативни фронтинг полиси. Во поблискиот регион БоснаРе извади ваква полиса уште во 2017та година. Реалноста е дека мојДДВ апликацијата и новите еУслуги иако ни го олеснуваат и подобруваат животот носат и зголемување на ризикот.

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →