Брнабич: ќе овозможиме пензиско и инвалидско осигурување за земјоделците

Премиерката на Србија, Ана Брнабич, изјави дека заедно со експерти од Светска Банка имаат составено работна група која што бара решение за проблемот со пензиско и инвалидско осигурување кај земјоделците. Брнабич очекува дека решението ќе биде спроведено во 2020та, бидејќи веќе се изготвени првите модели и  доколку се оди по планираната динамика би можело да се реализира во текот на третиот квартал од следната година.

Извјавата на Брнабич е дел од парлемантарна дискусија за ребаланот на буџетот на Србија каде што одговараше и на прашањето – зошто над 1,7 милијарди динари од републичкиот фонд за здравствено осигурување се пренаменети? Таа ги окарактеризира трвдењата како малициозни и објасни дека се работи за трансфер кој што се случил бидејќи овие средства не му се потребни на фондот за тој да продолжи да функционира нормално. Барнабич додаде и дека работењето на фондот не е загрозено со овој потег.

Моменталното законско решение во Србија датира од 1986та година. Желба за промени постоеше подолго време а иницијатива за промени во законот беа најавени во мај 2018та година. Тогаш очекувањата беа дека предлог закон ќе биде изготвен до крајот на 2018та но тоа сеуште не е случај.

Проблемот со осигурувањето се состои во тоа што земјоделците имаат нередовни примања и поради тоа нередовно уплаќаат и за осигурување, што пак предизвикува терет на државата и многу ниски пензии за пензионираните земјоделци.

Проценките се дека над 60,000 лица во Србија се земјоделци кои работат профитабилно. Дел од нив се демотивирани за државно осигување поради бројните случаи кога нивни бивши колеги барале пензија и не можеле да се најдат во датабазата на фондот за ПИО иако имале извршено одредени уплати. Дел од земјоделците во Србија сметаат дека е далеку поедноставно да уплаќаат за животно осигурување отколку да се има работа со државата.

Ќе видиме дали Брнабич ќе го испорача долго-очекуванит закон во текот на следната година и ќе го поедностави процесот останува да видиме. Секако дополнителен мотиватор се и политичките поени во пресрет на српските парламентарни избори во Април 2020та.

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →