БиХ: Аура осигурување ја губи лиценцата

На 11ти декември федералната агенција за супервизија на БиX објави привремен прекин на лиценцата за осигурување на Аура осигурување за дејноста авто-одговорност кон трети лица на територијата на кантонот Тузла. 

Прекинот е во времетрање од 60 дена, период во кој Аура ќе биде изложена на детален преглед од страна на супервизорот.  Доколку не се најдат посериозни прекршување би требало лиценцата да се возобнови во февруари 2020та. 

Аура Осигурување е најбрзо растечката компанија во БиХ иако ја завршуваат 2018та година на 16тото место на пазарот по бруто полисирана премија (со износ од 5,7 милиони евра). Прекинот на лиценцата ќе значи сериозен удар за осигурителот доколку се прошири и на други територии во БиХ бидејќи 91% од портфолиото на компанијата  доаѓа од авто-одговорност кон трети лица. Аура осигурување ја завршува 2018та година со пораст од 28% од во оваа класа на осигурување а нето профитот им бил 1,4 конвертабилни марки.

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →