АСО го продолжува рокот за усогласување со законските прописи до 28.02.2020

Агенцијата за Супервизија на Осигурување известува дека рокот за усогласување со Законот за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување (“Службен весник на Република Мaкедонија” бр. 198/2018) е пролонгиран.

Друштвата за осигурување, друштвата за застапување во осигурувањето, осигурително брокерските друштва, застапниците во осигурување, осигурителните брокери и актуари беа должни да се усогласат со одредбите од овој закон во рок од 12 месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон односно најдоцна до 7.11.2019 година.

Заклучно со истек на рокот  предвиден за усогласување – 7.11.2019 година, дел од субјектите тоа не го направија, или до Агенцијата доставија некомплетна документација за докажување на исполнувањето на предвидените законски услови.

Согласно одлука на Советот на експерти, периодот за усогласување на сите субјекти се продолжува заклучно до 28.2.2020 година во рамки на кој период сите субјекти до Агенцијата се должни да ги достават бараните документи. За поконкретните детали може да се прочита во соопштението од АСО

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →