АСО: Започнуваат нови обуки за застапници и брокери

Агенцијата за супервизија на осигурување ќе организира обука и полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи.

Обуката за застапник  во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 26-28.3.2020 година во просториите на “Европски универзитет”, додека обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 26-28.3.2020 и 4.4.2020 година на истата локација.

Сите заинтересирани лица, најдоцна до 6.3.2020 година, може да се пријават за учество на обуката и полагање на стручниот испит за застапник/брокер со поднесување на следните документи (со назнака: Пријава за обука/Барање за полагање на испит за застапник) до Агенцијата за супервизија на осигурување (адреса:ул. Македонија бб – Палата Лазар Поп Трајков, V кат, Скопје):

  1. Пополнет образец – Пријава за учество на обука за застапник/брокер, Барање за полагање на стручен испит за застапник/брокер (достапен на интернет-страницата на Агенцијата  или во архивата на Агенцијата);
  2. Копија од лична карта;
  3. Уверение односно Диплома за завршено средно образование или повисок степен на образование, во оригинал или заверено од овластено лице – нотар; и
  4. Доказ за уплатен надоместок за учество на обука и за полагање на стручниот испит за застапник во осигурување.

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →