Aon го купува ривалот Willis Towers Watson

Ова е најголемо припојување в 2020та година, а воедно и најголемата зделка во историјата на осигурувањето. Со ова досега делумно конкурентските брокерски компании ќе станат едно и ќе се консолидираат на пазарот како најголемо светско брокерско друштво со тежина од 76 милијарди долари. Сепак се чека регулатрона одлука за ваквото припојување која треба да се ефектуира во првите месеци од 2021ва година.

Според АОН оваа зделка би допринесла за синергетски ефект кој за само 3 години ќе заштеди на двете компании над 800 милиони долари. Дополнително двете компании сакаат да ги засилат своите понуди во однос на сајбер-осигурувањето. Сајбер осигурувањето се очекува да достигне 260 милијарди долари до 2025та година, што е значаен скок од 104 милијарди во 2017та година.

Willis Towers Watson има искуство со успешно спојување на компании, бидејќи Willis Group и Towers Watson се припоија во 2016тата година. Дека припојувањата се честа практика во оваа компанија сведочи фактот што Towers Watson се формираше при спојувањето на Towers Perrin и Watson Wyatt во 2010. Додека Watson Wyatt беше резултат на припојување од1995 меѓу R. Watson & Sons & The Wyatt Company.

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →