Што носи акцискиот план на Европската комисија за развој на Финтек индустријатa?

Европската комисија има зацртано Европа да стане хаб за финасиските технологии т.е. FinTech.  Инвеститорите и бизнисите да можат да извлечат максимум од придобивките на единечниот пазар само доколку тој се развива и ги прати технолошките трендови. Европската комисија работи на подобрување на повеќе сегменти а особено е истакнато подобрувањето на условите за т.н. crowdfunding – платформи за инвестирање од страна на мноштво ентитети.

Акцискиот план има за цел да ги искористи и да го овозможи дополнителниот развој на блокчејн, вештачката интелегенција и клауд сервисите. Целта е европскиот пазар да биде наједноставен и најбезбеден за пенетрирање на нови играчи. Од тоа ќе имаат бенефит и крајните корисници, инвеститорите и банките. Европската комисија предлага пан-европски платформи со цел сите нови играчи на пазарот со стекнување на лиценца во една земја да можат да добијат лиценца во сите земји.

Целта е да се добие т.н. Унија на капиталот и вистински единствен пазар за кориснички апликации во финансискиот сектор. Европската Унија има за цел да ги гради своите правила да бидат футуристички и да бидат во чекор со брзиот технолошки развој.

Валдис Добровскис, заменик претседателот одговорен за секторот за Финансиска стабилност, Финансиски услуги и Унија на Капиталот, истакнува – “За да се натпреваруваат глобално, европските иновативни компании имаат потреба од пристап до капитал, простор за експериментирање и можност за скалирање. Тоа се пермисите на новиот FinTech акциски план. Единствена лиценца за  краудсорсин на ниво на цела Европска Унија, ќе помиогне платформите да скалираат. Тоа ќе помогне на инвеститорите да се спојуваат со компаниите низ цела Европа. Ова ќе биде значајно и за компаниите кои што ќе имаат пристап до далеку поширок аудиториум.”

Акцискиот план се состои од 19 точки меѓу кои:

  • Европската комисија ќе создаде своевидна лабалаторија за развој на финансиски иновации – EU FinTech Lab
  • Комисијата создава европско тело за набљудување и форум за развој на блокчеин решенијата – EU Blockchain Observatory and Forum
  • Комисијата ќе развива робусна стратегија во веска со крипто валутите и блокчеин технологиите.
  • Европската комисија ќе промовира дигитализација на информациите објавени од компаниите низ Европа, вклучувајќи и зголемување на интер-конективноста на националните дата-бази. Ова ќе им даде подобар увид на инвестоторите во однос на правењето на одлуките за инвестиции. 
  • Комисијата ќе организира работилници за да се зголеми споделувањето на знаењето кога е во прашање сајбер безбедноста
  • Комисијата ќе испрезентира најдобри практики за регулаторни sandbox решенија за финансискиот сектор. Тоа се своевидни рамковни регулативни кои што овозможуваат FinTech стартапите и другите иновации да спроведуваат експерименти во живо под супервизија од регулаторите без притоа да бидат казнети доколку прекршат некое правило додека тестираат.

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →