Светска банка ќе помага кај административните услуги на социјалното осигурување

Проект за администрирање на социјалното осигурување проектиран на 13,8 милиони евра, ќе се реализира во склоп на четиригодишната Рамка за соработка со Светска банка.

Заменик-министерката за финансии Ширет Елези пред Собранието даде излагање во врска со законите со чие усвојување ќе се овозможи финансирањето на овој проект.

-Проектот за администрирање на социјалното осигурување ќе го унапреди квалитетот на услугите во администрирањето на социјалното осигурување и тоа преку воспоставување единствен централизиран регистар за социјално осигурување и унапредување и модернизирање на деловните процеси на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, со цел на осигурениците во првиот столб да им служи поефикасно и поефективно, потенцира Елези, при своето излагање на тема Законот за задолжување со заем кај Светската Банка.

Имплементатор на проекто ќе биде Министерството за труд и социјална политика а се очекува да започне во тековната година.

About Stefan Miteski

Стефан Митески е Insurtech претприемач со долгогодишно искуство во осигурувањето. Има работено со палета од осигурителни компании од гиганти кои што котираат на Fortune 500 листата до стартапи. Стефан Митески е посветен на развојот на осигурителната индустрија во Македонија, а тоа го манифестира преку организирањето на Insurack Skopje 2019та и страниците bitsofinsurance и reinsuranceekly

View all posts by Stefan Miteski →